Функции на општините во областа на културата, спортот и рекреативните услуги

Општините се одговорни за вршење на следниве функции:

  1. Развој, заштита и промоција на вредностите и на културното наследство од локален интерес, како и управување со објектите поврзани со вршењето на овие функции.
  2. Организирање на културни активности и промоција на националниот и локалниот идентитет, како и управување со објектите поврзани со вршењето на овие функции.
  3. Развој, заштита и промоција на библиотеките и на просторите за читање, со цел општо образование на граѓаните.

 

Организирање на спортски, рекреативни и забавни активности, развој и управување со институциите и објектите поврзани со вршењето на овие функции.

  • Организирање на Зимскиот фестивал во Општина Пустец, со цел промоција на регионот и на традиционалната кујна на регионот.
  • Подобра промоција на вредностите на културното и природното наследство преку MIK Festival, на кој донесовме светски познати имиња, како уметничката ИНВА МУЛА и нејзините пријатели од светот, со цел да станат трајни пријатели на Преспа..

 

  • Реставрација на покривот на црквата Света Богородица на Мал Град, која е една од најважните вредности на културното наследство во регионот.

 Поставување на информативни табли на сите места со културни и туристички вредности; наскоро ќе бидат поставени и информативни монитори на сите клучни места во регионот.

 

Кои се проектите на кои работиме во областа на културата.

  • SMART CULTURE, Албанија – Македонија, прекуграничен проект IPA, кој се однесува на изградба на Музеј во селото Глобочани во чест на делото и животот на писателот Стерјо Спасе, панбалканска личност. Работите се при крај, а старото училиште во ова село се претвора во музеј, кој ќе додаде нова туристичка атракција во нашиот регион.
  • NET METERING, прекуграничен проект IPA помеѓу Грција и Албанија; се наоѓаме пред финализирање на постапките што ги бара ЕУ.

Овој проект се однесува на поставување на LED светилки во нашиот регион.

 

  • IT CULTURE, прекуграничен проект помеѓу Албанија и Грција, проект чија цел е промоција на регионот преку неговите компоненти, како што се информативните табли кои веќе се поставени, информативни екрани, онлајн апликација и друго.
  • Го обезбедивме проектот за уредување на отпадните води во сите села, кој е депониран во DPUK, и се надеваме дека наскоро ќе биде одобрено неговото финансирање.
  • Во соработка со проектот Прекуграничен резерват на биосферата Преспа, ќе се обезбедат канти за собирање на комунален отпад за секое семејство. Исто така, ќе се обезбеди технолошко возило за чистење на отпадните води.
  • Во соработка со Албанскиот фонд за развој се изработуваат сите проектни идеи за сериозни инвестиции во инфраструктурата и туризмот, и се надеваме дека работите ќе започнат во текот на 2021 година.