Задачи и надлежности на координаторот
б. го создава, одржува, објавува и ажурира регистарот на барања и одговори во рокот предвиден во точка 1 од член 8 од овој закон;
в. ја координира работата за исполнување на барањата за информации во роковите и на начинот предвидени во овој закон;
г. ги регистрира барањата за информации и доделува реден број за секое од нив;
д. го препраќа барањето за информирање до друг јавен орган, во роковите предвидени во овој закон, кога ќе се утврди дека јавниот орган каде што е поднесено барањето не ја поседува бараната информација;
ѓ. ги верификува случаите за бесплатно давање на информации на граѓаните, според точка 5 од член 13 од овој закон;
е. врши претходни известувања според членовите 14 и 15 од овој закон, како и комуницира со барателот, според потребата, за обработка на барањето за јавна информација.
