Рок за добивање на информациите:

1. Јавниот орган постапува по барањето за информации, доставувајќи ги бараните информации што е можно побргу, но не подоцна од 10 работни дена од денот на неговото поднесување, освен
во случаите кога посебен закон предвидува поинаку.

2. Кога јавниот орган што го прима барањето за информации го препраќа до друг орган, тој одговара не подоцна од 15 работни дена од денот кога барањето пристигнало до првиот орган.

3. Рокот предвиден во точките 1 и 2 од овој член може да се продолжи за најмногу 5 работни дена поради една од следниве причини:

а. потреба од барање и разгледување на бројни и обемни документи;

б. потреба пребарувањето да се прошири во канцеларии и простории што се физички одвоени од централната канцеларија
на органот;

в. потреба од консултација со други јавни органи пред донесување одлука за исполнување или неисполнување на барањето.

Одлуката за продолжување на рокот веднаш му се соопштува на барателот.

4. Во секој случај, непостапувањето по барањето за информации во горенаведените рокови ќе се смета за одбивање. Одредбите од овој член се применуваат и за запознавање со информациите.