Функции во областа на локалниот економски развој
Општините се одговорни за вршење на следниве функции:
- Изработка на стратешки планови за развој и на програми за локален економски развој.
- Основање и функционирање на јавните пазари и на трговската мрежа.
- Поддршка за развој на малите бизниси, преку поттикнувачки активности, како што се панаѓури и реклами на јавни места.
- Организирање на услуги за поддршка на локалниот економски развој, како што се информации за бизнисите, промотивни активности, ставање на располагање на јавни средства и др.
5. Објавување на информативни брошури, создавање портали со економски профил и др.
6. Доделување на финансиски грантови за поддршка на активностите на малите и средните бизниси, на начин утврден во важечкото законодавство, гарантирајќи родово избалансиран пристап.
