Функции во областа на земјоделството, руралниот развој, шумите и јавните пасишта, природата и биодиверзитетот
Општините се одговорни за вршење на следниве функции:
- Управување, користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и дренажа, пренесена во нивна сопственост, на начин утврден со закон.
- Управување и заштита на земјоделското земјиште и на други категории ресурси, како што се неплодни земјишта и др., на начин утврден со закон.
- Создавање и управување со локалниот систем за земјоделски и рурални информации и советување, според важечкото законодавство.
- Создавање и управување со локални шеми за грантови за земјоделството и руралниот развој, финансирани од локалниот буџет и/или со кофинансирање од трети страни, гарантирајќи родово избалансиран пристап.
- Управување со јавниот шумски и пасиштен фонд, според важечкото законодавство.
- Заштита на природата и биодиверзитетот, според важечкото законодавство.
